Трамп: Разговарам со Путин, сака да стави крај на оваа војна

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон се обратија на печатот по средбата во Белата куќа.
„Разговарам со Путин. Цел живот склучувам договори. Порано Русија не разговараше со никого, не возвраќаше на повиците и сите го прифатија тоа. Кога дојдов на функцијата, една од првите работи што ги направив беше да му се јавам на Путин, тоа беше со почит. Тој сака да стави крај на оваа војна. Работиме на договори, од кои едно е да се запре војната“, рече Трамп како одговор на едно од прашањата на Трамп.
„Навистина верувам дека Путин сака да направи договор. Можеби грешам, но мислам дека го прави тоа“, одговори Трамп на едно од прашањата.
Макрон рече дека Трамп потврдил дека наскоро ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за договорот за минерали и дека тоа е важен дел од договорот.
Францускиот претседател исто така рече дека ЕУ и САД ќе дадат гаранции за имплементација на договорот што го потпишаа Украина и Русија со испраќање војници како мировници, но не во првите редови и окупираните области, туку како поддршка за спроведувањето на договорот меѓу Зеленски и Путин. Тој исто така рече дека немало таква определба од Западот во 2014 година кога е постигнат договорот меѓу Украина и Русија „Ова е пресвртница“, рече Макрон.