Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина, оружје што би можело да го погоди „срцето“ на Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, објави „Вашингтон пост“ , повикувајќи се на извор запознаен со разговорите во Белата куќа.
Познато е дека ракетата „Томахавк“ лансирана од Украина би можела да ги погоди Москва и Санкт Петербург.
Американците употребија ракети „Томахавк“ за време на нападот врз Иран минатиот месец.
Исто така, беше дискутирано и за ATACMS.
Изворот тврди дека решеноста на Трамп да изврши притисок врз Путин била пренесена во разговор минатата недела со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трамп наводно го прашал Зеленски зошто не ја нападнал Москва.
„Можеме, ако ни дадете оружје“, одговори Зеленски.
Според изворот, Трамп смета дека Украина треба да изврши поголем притисок врз Путин, не само врз Москва, туку и врз Санкт Петербург.
Дискусиите во Белата куќа, исто така, се осврнаа на фактот дека воената помош би можела да вклучува овластување за некои нови и моќни офанзивни оружја.
Се вели дека ова веројатно ќе вклучува дозвола за употреба на 18 ракети ATACMS со долг дострел, кои моментално се распоредени во Украина, со целосен дострел од 300 километри.
Тие нема да стигнат до Москва или Санкт Петербург, но би можеле да погодат воени бази, аеродроми и складишта за снабдување длабоко во Русија кои во моментов се надвор од нивниот дофат.
Пакетот би можел да вклучува и поголем број ракети ATACMS.
Инаку, претставници на Пентагон со месеци повикуваат на подлабоки напади врз Русија со користење на ATACMS