Трамп размислува за напади врз мексиканските нарко картели: Оваа опција е во преден план, мексиканските власти веднаш се побунија
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за напади со беспилотни летала против нарко-картелите во Мексико за да се спречи шверцот преку јужната граница, објави во вторникот NBC News, пренесува Ројтерс.
Цитирајќи шест сегашни и поранешни американски воени, полициски и разузнавачки службеници запознаени со ситуацијата, NBC рече дека таа опција сериозно се разгледува.
Како одговор на овие тврдења, мексиканската претседателка
Клаудија Шејнбаум изјави дека нејзината земја категорично ќе одбие каква било унилатерална американска воена акција на мексиканска територија и дека таквиот потег „нема да реши ништо“.
Таа додаде дека САД и Мексико имаат добар и континуиран дијалог за безбедносните прашања и дека не верува дека САД ќе преземат таква еднострана акција.