Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со кинескиот Кси Џинпинг за царините, според интервјуто со американскиот лидер објавено од магазинот TIME во петокот.
Двете најголеми светски економии се заглавени во ескалирачка трговска битка, предизвикана од новите царини на Трамп за кинеските стоки, кои достигнаа 145 отсто за многу производи.
Кина негираше дека води трговски преговори со Соединетите Држави, но Трамп рече дека очекува двете земји да постигнат договор во наредните недели, објави TIME.
„Има бројка со која ќе се чувствуваат удобно“, изјави Трамп за магазинот за време на интервјуто што се одржа во вторникот.
„Но, не можете да им дозволите да заработат трилион долари од нас“.
Брзото воведување тарифи – што Трамп го нарекува одмазда за нефер трговски практики, како и обид за обновување на производствените капацитети на САД – ги потресе пазарите и ги зголеми стравувањата од глобална рецесија.