Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за мировните преговори меѓу Украина и Русија.

Иако украинско-руските делегации ќе се сретнат денес во Истанбул, американскиот шеф на државата не очекува некои поголеми достигнувања.

„Време е да се заврши ова прашање. Ќе го затвориме ова“, рече 78-годишникот, пишува Skynews .

Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин – штом ќе постигнат договор за средбата.

Трамп денес повтори дека не е изненаден што рускиот диктатор не дошол на состанокот што САД се обидоа да го организираат во Турција меѓу украинската и руската делегација.

„Путин не сакаше да дојде затоа што јас не бев таму“, изјави американскиот лидер, кој еден ден претходно рече дека значителен напредок во разговорите не е можен сè додека тој и Путин не се сретнат лично.

Инаку, американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток и денес зборуваше на настан на Советот за економска соработка во Обединетите Арапски Емирати.