Трамп се заканува со дополнителни царини од 50 отсто за Кина – но ја отвора вратата за разговори со други земји
САД ќе воведат дополнителни царини од 50 отсто за Кина доколку нацијата не ја повлече одмаздничката тарифа од 34 отсто, изјави Доналд Трамп.
Одмаздничката тарифа на Кина беше одговор на дополнителната реципрочна тарифа на Вашингтон од 34 отсто минатата недела, пишува Телеграф.
Но, Трамп сега на Truth Social рече дека Пекинг има рок до утре да ја отстрани својата одмаздничка тарифа.
Во истиот пост, тој продолжува да сугерира дека преговорите со другите земји за царините „ќе започнат веднаш“.
Претходно, Трамп рече дека земјите ширум светот разговараат со САД и дека „се поставуваат тешки, но правични параметри“.
Но, тој ја издвои и Кина и рече дека односите со земјата мора да се променат
