Трамп се откажа од царините за овие производи! Дали сето тоа го направи за американскиот гигант?

Нова епизода во драмата за царините на Доналд Трамп за остатокот од светот: Царината и граничната заштита објавија дека електронските уреди увезени во САД ќе бидат ослободени од тарифите наметнати од претседателот на САД.

Паметни телефони, компјутерски монитори и разни електронски делови се меѓу изземените производи. Ослободувањето се однесува на производите кои влегуваат во Соединетите држави или се отстранети од магацините веќе на 5 април, се вели во известувањето.

Овој потег доаѓа откако администрацијата на Трамп воведе минимална царина од 145 отсто за кинески стоки увезени во САД. Тарифите ќе имаат големо влијание врз технолошките гиганти како Apple, кои произведуваат iPhone и други производи во Кина.

Да потсетиме, Доналд Трамп предизвика вистински светски економски земјотрес кога најави воведување „реципрочни“ тарифи или царини за речиси сите земји во светот, за неколку дена подоцна да ја одложи примената на оваа мерка, освен за Кина, на која воведе царини од 135 проценти.