Трамп тарифи, повеќе од 50 земји контактираат со Белата куќа за преговори

Повеќе од 50 земји и се обратија на Белата куќа за да започнат трговски разговори откако Трамп ги објави царините, според директорот на Националниот економски совет на Белата куќа.

„Тие го прават тоа затоа што сфаќаат дека носат голем дел од товарот на овие такси“, рече Кевин Хасет.

Хасет рече дека може да има „некои зголемувања на цените“ поради новите царини, но тој не верува дека тоа ќе биде „голем товар“ за американските потрошувачи, пишуваат странските медиуми .

Тој, исто така, рече дека објавата на Трамп не е дел од планот за притисок врз американската централна банка да ги намали каматните стапки со потресување на пазарот.

Инаку, ова доаѓа откако Трамп претходно оваа недела рече дека сега ќе биде „совршено време“ централната банка да ги намали каматните стапки.

„Тој не се обидува да го сруши пазарот, тој се обидува да ги исполни ветувањата на американските работници“, рече Хасет.