Трамп: Чест ми е што воведов царини за Кина! Ниту еден друг претседател не би го направил тоа што го направив јас
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со новинарите за неговата тарифна политика, признавајќи дека некои компании силно ги чувствуваат ефектите од неговите мерки, но дека „инстинктивно“ ќе процени кој е најмногу погоден.
Зборувајќи за одлуката за привремено стопирање на воведувањето дополнителни царини за повеќето земји, но и за зголемување на царината за кинески стоки на 125 отсто, Трамп рече дека сето тоа може да биде привремена мерка.
Тој исто така изјави дека повеќе од 75 земји сакаат да склучат трговски договори со неговата администрација. На прашањето дали ќе размисли за изземање на некои големи компании кои се сериозно погодени од состојбата на пазарот, Трамп одговори: „Ќе го разгледаме тоа. Некои се сериозно погодени, а некои, поради природата на нивниот бизнис, се почувствителни на овие мерки“.
Но, кога новинарите го прашаа на која основа ќе одлучи кои компании се најмногу погодени, Трамп кратко рече: „Инстинктивно“.
„Луѓето почнаа да се однесуваат нервозни“, рече Трамп за царините.
„Ниту еден друг претседател не би го направил тоа што го направив јас“, додаде тој.
Во својот говор, тој посебно ја нападна Кина, нарекувајќи ја „најголемиот насилник во историјата“.
„Некој мораше да го направи тоа. Мораа да престанат затоа што веќе не беше одржливо“, рече тој.
„Почестен сум што воведов царини за Кина. Кина сака да склучи договор, но тие не знаат како да го постигнат тоа. Претседателот Си е горд човек. Многу други земји, повеќе од 75 од нив, сите ни се јавуваат и сакаат договор. Им реков – ако возвратите, ќе ги удвоиме вашите тарифи“, рече тој.
„Можеме да склучиме договор со ЕУ и со Кина и тој договор ќе биде фер кон сите. Имаме 36 трилиони долгови. Ние сме експлоатирани и ограбени со децении, јас размислувам за тоа со децении.
Ништо не е направено за тоа. „Го направив истото во мојот прв мандат, но потоа моравме да поправиме сè што се случи за време на Ковид“, рече Трамп.