Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник во Белата куќа ќе го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави официјален претставник на Белата куќа.
Посетата доаѓа откако САД воведоа царина од 17 отсто за израелската стока.
Сега се известува дека Трамп активно преговара за специјален трговски договор со Израел и други земји, пишува Ројтерс , следи Телеграф.
Посетата, исто така, доаѓа во време на проширување на копнената операција на Израел во северниот дел на Газа, по падот на двомесечниот прекин на огнот со Хамас минатиот месец.
Трамп и Нетанјаху, наводно, разговарале телефонски во четвртокот, а претседателот рече дека Газа е „голем проблем“ што се надева дека ќе го реши.
„Тоа е друга работа што сакаме да ја разгледаме“, рече тој.
„Газа е многу важна. Таа беше под опсада многу, многу години“, додаде Трамп.