ТРАНСПОРТЕН АВИОН НА ВАГНЕР СЕ УРНА ВО АФРИКА – Уште една сомнителна авионска несреќа во близина на Мали: “Не се знае кои членови биле дел од екипажот“
Транспортен авион Il-76, наводно поврзан со платеничката група Вагнер, се урнал во Мали, Африка, во близина на град каде што се стационирани приватни армиски трупи.
Авионот се урнал во близина на аеродромот Гао.
Популарниот профил на социјалната мрежа Телеграм – CPC-OGPU, наведува дека, според прелиминарните податоци, платеници на Вагнер би можеле да бидат на летот. Антивладините извори во Мали исто така тврдат дека Il-76 може да биде поврзан со Вагнер.
Друг профил на социјалната мрежа Телеграм поврзан со групата Вагнер (GREY ZONE), негира дека транспортерот и припаѓал на приватна руска воена компанија.
„Il-76 беше изнајмен од локалните сили за транспорт на товар за различни намени. На авионот немало ловци или пилоти на групата Вагнер“, се наведува во објавата.
За потсетување, групата Вагнер е тесно вклучена во воените операции во многу африкански земји.
Друга верзија сугерира дека авионот го користеле мировници на ОН.
„Авионот се користел за снабдување на војската на Мали во првиот воен округ Ел Муна“, според еден извештај објавен во странските медиуми.
Други странски медиуми наведуваат дека соборениот Il-76 бил управуван од компанија од Белорусија со седиште во Минск.
Извори од истрагата, врз основа на прелиминарните извештаи, сметаат дека причина за падот може да биде грешка на пилотот и наведуваат дека засега нема информации дека авионот е соборен.
Евгениј Пригожин, основачот и поранешен водач на Вагнер, да потсетиме, загина пред еден месец во сомнителна авионска несреќа над регионот Твер во Русија.