ТРАНСФЕР НА ДЕЦЕНИЈАТА! Килијан Мбапе во Реал! Сите детали од потпишувањето на договорот што ГО ПОТРЕСЕ светскиот фудбал

Скоро ја имаме трансфер бомбата на деценијата…

Килијан Мбапе потпишува договор со Реал Мадрид, пишува угледниот весник Le Parisien.

Како што се наведува, Килијан договорил се со кралскиот клуб и дека во Шпанија ќе замине како слободен играч.

Затоа, ПСЖ нема да добие ниту евро од овој трансфер. Што се однесува до Мбапе, неговата плата ќе биде 50 милиони евра годишно!

Потсетуваме, младиот Французин пристигна во ПСЖ во 2018 година, кога клубот му плати дури 180 милиони евра на Монако.

Одигра 288 натпревари, постигна дури 241 гол и забележа 105 асистенции. Шест пати беше шампион на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите.