Тргнала во друг правец: Требаше да го освои светот, а сега убавата Русинка е ѕвезда на страници за возрасни
Жук ја започна својата поранешна кариера на спектакуларен начин, кога го освои јуниорскиот Вимблдон во 2015 година како аутсајдер.
Неодамна, не е невообичаено многу спортистки да се откажат од спортовите на кои го посветиле целиот свој живот. Причината е едноставна – проширувањето на сајтовите за возрасни и „лесните“ пари што ги носат овие страници.
Нова во низата „жртви“ на овој тренд е поранешната руска тенисерка Софија Жук . Таа одлучи да ја заврши кариерата во 2020 година поради постојани повреди на грбот. И требаше одмор, а утеха најде на платформата OnlyFans каде стана вистинска ѕвезда.
И покрај се, 24-годишната Русинка изјавила дека никогаш нема да се соблече целосно гола. Поради ова таа разочара голем број фанови, но доби и бројни пофалби од другата страна.
Својата поранешна кариера Жук ја започна на спектакуларен начин, кога во 2015 година како комплетен аутсајдер го освои јуниорскиот Вимблдон во женска конкуренција. Три години подоцна стигна до 116. место на ВТА ранг-листата, но честите повреди се одразија на нејзината тениска кариера.
Бев во таква неволја што ниту лекарите не можеа да ме лекуваат. Нормално, не ги вари протеините, па дисковите во грбот ми се однесуваа како 60-годишна жена. Секогаш играв со ужасни болки, сакав тенис, но морав да размислувам за моето здравје – изјави еднаш Жук