Тргнати цвеќињата од гробот на Метју Пери: Има важна прочина за тоа, еве како изгледа сега почивалиштето на актерот (фото)
Познатиот актер Метју Пери беше погребан минатиот петок. На погребот присуствуваа неговото семејство и најблиските пријатели. На тој ден на неговиот гроб беше положено цвеќе кое вчера беше отстрането. И има важна причина за тоа.
Цвеќињата се отстранети за да се спречи собирање на јавноста на гробот на Метју Пери. Познатиот актер почива покрај великаните на Холивуд , но се чини дека неговото семејство сака точната локација засега да се чува во тајност.
ТMZ известува дека Метју Пери бил погребан во Светилиштето на скапоцената љубов – приватен дел од гробиштата кој е затворен и изолиран.
Причината за приватноста секако е во тоа што Метју Пери е погребан покрај Кери Фишер, Деби Рејнолдс, Мајкл Кларк Данкан и Рони Џејмс Ди. До понеделник имаше многу цвеќиња на неговиот гроб, кои во меѓувреме се отстранети.
Гробот на Метју Пери допрва треба да биде официјално означен, но надгробните плочи обично се поставуваат подоцна.
На погребот на Метју Пери присуствуваа неговите колеги и пријатели од култната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудора, Дејвид Швимер и Мет Лебланк, но тие не беа таму до крајот на последно збогум, па неговиот ковчег бил положен во присуство на семејството и најблиските пријатели, како што напиша Дејли Меил.
Метју Пери почина на 28 октомври во Лос Анџелес, имаше 54 години. Тој бил пронајден мртов во неговото џакузи. Причината за смртта на познатиот актер ќе биде објавена по сите токсиколошки анализи.
На гробиштата каде што е погребан Метју Пери се погребани и Ен Хеш, Пол Вокер, Мајкл Хачинс. Во Лос Анџелес има пет големи гробишта, кои прво ги основал Хуберт Итон, а потоа се зголемил бројот на такви места. Елизабет Тејлор, Хемфри Богарт и Џими Стјуарт се погребани во Глендејл.