Професорот од Воената академија, Методи Хаџи–Јанев вели дека, во услови кога с’е повеќе земји во регионот носат одлуки за повторно воведување на воената обврска, треба да се врати служењето на воениот рок и дека тоа не е само безбедносна туку и социјална димензија.
„Како НАТО земја членка сме должни да имаме активна резерва. Таа активна резерва сега не постои или постои само на хартија. Тоа значи дека за да ја создадете таа активна резерва, поучени од тоа што се случува во Украина, вие имате сега во моментот 18-19 години дупка, тоа значи никој нема служено воен рок.
И сега прашањето е, кого ќе регрутирате? Како ќе го регрутирате?“, вели Хаџи Јанев во синоќешното гостување на ТВ 21.
Според него, тоа не треба да биде ад хок решение туку предвремено да се преземат мерки со кои ќе се подготви населението.