Трендафилов: Една година сите да примаат 500 евра, ама да гласаат за исто толкав минималец за работниците!
Сите избрани и именувани функционери, вклучително и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, од денес да примаат плата од 500 евра, ама во Парламентот да биде изгласан закон со кој минималната плата на работниците ќе биде 500 евра, а на другите работници платите да им се качат за 100 евра. Ова фрлената ракавица од Трендафилов, по жестоките напади кои раководните лица на ССМ ги трпат од пратениците на владејачката партија.
Трендафилов потсети дека за среќа тој и неговите колеги не примаат плата од Буџетот, туку дека се финансираат од синдикалната членарина. Според податоците од УЈП, 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380 илјади работници се под просечната
Тој се осврна и на нападите кои доаѓаа на негова сметка од пратеникто Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очекувам на првата наредна прес-конференција, колегата кога ќе чита од идиотот, да каже кој број на чевли носи Слободан Трендафилов. Доколку ги промаши, сѐ до сега му е лага и никој не може да го убеди во спротивното. Не е сериозно пратеник, со 118.000 денари да го осудува претседателот на ССМ, за 60.000 плата. Несериозно е да гледаат дека нема никакви реакции за 60.000 плата, да измислуваат 70.000 денари, на друг 104.000 денари. Го повикувам да даде од неговата плата, за да ми ги надополни овие 15.000 денари кои ги немам и секој месец да имам 75.000 денари, за да не лаже“, рече Трендафилов.