Тренерот на Ал Наср ги загуби нервите: “Одлуката не е моја! Кристијано Роналдо не е подготвен за игра…“
Се што е поврзано со Кристијано Роналдо се гледа низ посебна лупа, па многумина беа изненадени од неговото пропуштање на натпреварот на Ал Наср против Ал Духаил во азиската Лига на шампиони.
Тренерот на Ал Наср, Луис Кастро, беше видно изнервиран од новинарските истраги за изоставувањето на славниот Португалец од тимот.
„Ги почитувам медиумите, но мора да ме почитувате и мене. Кристијано Роналдо не е подготвен за игра и затоа нема да игра. Не е моја одлука да не игра, неговата состојба е таа што го спречува да игра. Кристијано Роналдо го одигра натпреварот пред 48 часа, вклучително и продолженијата, па два дена подоцна не може да игра повторно. Не е Луис Кастро тој што вели дека Кристијано Роналдо нема да игра, но по серијата натпревари мора да одмори“, изјави Луис Кастро пред тестот против Ал Духаил, додавајќи: „Разбирам дека луѓето сакаат да го видат Кристијано Роналдо како игра, но Ал Наср не е само тој. Имаме играчи како Садио Мане или Марсело Брозовиќ“.