Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ го крши законот за јавни набавки, народните пари ќе завршат во фирми привилегирани од власта
„ВМРО-ДПМНЕ со предлог-измените на Законот за јавни набавки се обидува да ги отвори вратите за неограничена злоупотреба на јавните средства, укинувајќи ја единствената заштита која го штити буџетот на граѓаните – административната контрола на Бирото за јавни набавки. Ова е директен удар врз законот за транспарентност и антикорупција и уништување од 2019 година. Со ова се отвора пат за масовна корупција и се враќа системот во време на неказнети злоупотреби на тендери“, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.
„ВМРО-ДПМНЕ со овие измени бара целосно отстранување на сите контролни механизми, претворајќи го Законот за јавни набавки во алатка за нивните лични интереси. Отстранувањето на административната контрола создава идеални услови за коруптивни зделки, непотизам и злоупотреба на парите на граѓаните. Тоа значи дека јавните набавки повеќе нема да бидат под никаква контрола и народните пари ќе завршат во џебовите на привилегираните фирми во близина на врвот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Тренчевска.
„Без дебата, без транспарентност, без одговорност, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го донесе овој закон по скратена постапка. Без консултација со експертската јавност, невладините организации или професионалците кои се занимаваат со јавни набавки, ова е јасен обид да се сокрие вистинската намера на власта – јавните пари да бидат лично богатство на партиските структури“, додаде таа.