Тренчевска: Во четврток ќе биде исплатена првата транша од антикризниот пакет, на 2 јануари исплата на редовните пензии
– Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вечерва најави дека во четврток ќе биде исплатена првата транша од деветтиот антикризен пакет, меѓу кои и финансиската поддршка за пензионерите со ниски примања. Редовните пензии, како што изјави, ќе бидат исплатени на 2 јануари.
– Пензионерите ќе добијат финансиска помош соодветно на која категорија припаѓаат, а редовните пензии се исплаќаат секој први во месецот. Први јануари е неработен ден, така што на втори јануари ќе ги имаат парите на своите трансакциски сметки сите пензионери, рече Тренчевска.