Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на „Канал 5“ рече дека на почетокот на мандатот на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дошло до промена на ставот, дека едно зборувале во опозицијата, а друго сега кога се. на власт.
Тренчевска рече дека освен враќање на оградата на Владата и прифаќање на името Северна Македонија, засега нема ништо друго.
„Рекоа дека ќе го откажат Договорот од Преспа, рекоа дека ќе се врати името Република Македонија. Сега од горда Македонија т.е. „Никогаш Северна, секогаш Македонија“, денес имаме зацементирано име, Република Северна Македонија“.
„Овие месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од враќањето на оградата и конкретизирањето на името Северна Македонија, немаме ништо друго, стари инвестиции, катастрофална реорганизација, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.