ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА ЧУКА НА ВРАТА: НАТО се подготвува за конфликт со Русија од колосални размери, тоа најдобро го покажува еден настан

Руската страна се плаши од настаните што ќе се случат наскоро
Планираните воени вежби на НАТО во 2024 година, најголеми од Студената војна, се дел од подготовките за воен конфликт со Русија , уште еден чекор кон дестабилизација на ситуацијата во Европа, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко.

-Овие воени вежби се провокација, очигледно се агресивни по природа, демонстрација на сила, обид за воено-политички притисок… Сценариото е така формулирано што не остава сомнеж дека е дел од подготовките за воен конфликт со Русија – изјави тој за новинарите  .

– Уште еден свесен чекор кон дестабилизација на ситуацијата на север –  рече дипломатот.

Според Грушко, од воен аспект ваквата одлука нема да донесе ништо, но уште еднаш ја нагласува „потребата да се спроведат сите одлуки што се донесени и ќе се носат во иднина“  за да се обезбеди западниот дел на Руската граници, вклучително и во северозападната зона.

Претходно беше објавено дека НАТО планира да ги одржи најголемите воени вежби од Студената војна во пролетта 2024 година во Германија, Полска и балтичките земји со цел да се вежбаат акции за „одбивање“ на наводен „руски напад“.

За договорот за храна

Коментирајќи ја ситуацијата со договорот за храна, Грушко рече дека изјавата на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борељ , дека не постои можност за обновување на договорот, всушност претставува признание за неподготвеноста на Европската унија да ги исполни обврските наведени во дел од меморандумот Русија-ОН.

– Фактичко е признание дека Европската унија не е подготвена и нема да ги исполни обврските напишани во таканаречениот руски дел од меморандумот што го потпишавме заедно со ОН –  прецизира Грушко.

Борељ претходно изјави дека не гледа можност за постигнување договор за „Црноморската иницијатива“  со Русија.