Трет ден на жалост: Србија е завиена во црно, денеска е погребот на полицаецот и неговата сестра! (ФОТО)
Во Србија денеска е трет ден на жалост поради масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде на 3 мај, седмоодделенец уби осум ученици и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник со истрели од пиштолот на неговиот татко.

Како што соопшти Владата на Србија, Книгата на жалост е изложена на главниот влез на ОУ „Владислав Рибникар“, на која граѓаните можат да се запишат од 10 до 15 часот.
Ден по тоа масовно убиство, на 4 мај, во вечерните часови во околината на Младеновац и Смедерево, У.Б. (21) со калашникови застрелал осум млади лица, а 14 ранил.

Денеска беа погребани полицаецот М.П и неговата сестра К., двете жртви на безумниот напад на У.Б кај Младеновац. Во неговото вечно почивање беше испратен и нивниот пријател Д.Т., кој загинал со нив.
Вчера беа погребани 10 жртви од двата масакри што ја потресоа Србија.
Во Белград четворица ученици и училишен чувар кои, момче (13) ги уби во крвавиот напад на основното училиште „Владислав Рибникар“ се испратени во вечното почивалиште, додека во Мали Орашје петмина кои ги убил У.Б. (21).

За два дена во Србија загинаа 17 лица. Девет од нив загинаа во дивеењето на момчето убиец во училиштето во Белград, додека У.Б. уби осум лица кај Младеновац.