Полицаецот и лично обезбедување на премиерот, велешанецот Ангел Сарамаков утрово е спроведен во затворот Скопје во Шуто Оризари и против него полицијата ќе поднесе кривична пријава за кривично дело оддавање службена тајна.
Според информациите од полицијата, Сарамаков е осомничен дека во замена за пари споделувал службени тајни што ги поседувал со членови на мафијашкиот клан во Герчец.
Сарамаков неколку пати бил пријавуван во внатрешна контрола и тој лично се пожалил дека е деградиран и поднел претставка до Државната комисија за спречување дискриминација.
До април 2024 година работел во СВР Велес како виш инспектор за имотни деликти, а од април како инспектор за форензички увиди.