Трик за да спречите замаглување на очилата секогаш кога ќе преминете од студено на топло

Како да не се замаглуваат очилата?

Трикот е едноставен, но ефикасен и потребна ви е состојка која веќе ја имате дома.

Ако носите очила, веројатно знаете што се случува кога ќе влезете во топла соба од ладна средина – тие веднаш се замаглуваат.

Уште полошо е ако носите маска. Но, за среќа, постои трик како да се спречи оваа појава и тој е многу едноставен.

Се што ви треба за овој трик е веќе во вашата кујна, пренесува Телеграфи.

Земете мека крпа, додадете малку детергент за миење садови и избришете ги прозорците. Оставете да се исуши 15 минути и потоа избришете го со крпа од микрофибер.

На леќите на очилата ќе остане заштитна обвивка за да ги заштити од замаглување – што е особено корисно во овие студени денови кога очилата се замаглуваат неколку секунди по влегувањето во топла средина од студена.