Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието првпат после долги години ќе добијат навреме вода за наводнување
– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денеска е во работна посета на Овчеполието каде што направил увид во количините на вода во системот за наводнување Брегалница.
-Сакам да информирам дека од системот за наводнување Брегалница во општините Свети Николе и Лозово процентуално со вода покриени се: 90 отсто од земјоделските површини во Црнилиште, 90 отсто во Аџиматово, 100 отсто во Делисинци, 90 отсто во Сарамзалино и скоро 100 проценти од површините во Лозово. Наскоро очекувам сите овие места да бидат 100 отсто покриени со вода за наводнување, објави Трипуновски и на неговиот фејсбук профил.
![](https://mia.mk/articles/images/%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BF%D1%83%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%9C%D0%B5qxrSF/I4TF0tjsN/small.webp?use_watermark=0)
Трипуновски потенцираше дека со правилна и сериозна работа може да се испорача вода за наводнување до земјоделците и покрај катастрофалната состојба на системите за наводнување. Тој, најави дека во наредните неколку дена вода за наводнување на земјоделските површини ќе има и во останатите места во Овчеполието.
-Во претходните години водата пристигала на крајот од сезоната кога воопшто не е потребно да се наводнува, а сега имаме вода на самиот почеток кога е и најпотребна. Ние вистински се грижиме за македонските земјоделци, порача Трипуновски.