Трифонов: Да беше до мене веднаш повторно би ставил вето на Македонија

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов не се откажа од идејата да постави ново вето за евроинтеграциите на нашата земја. Во интервју за БНР, тој меѓу другото ја коментираше и Северна Македонија.

„Луѓето беа убедени дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се потпрени до ѕидот. Инаку, гледате што прават, жално е“, изјави Трифонов.

На прашањето дали Бугарија има механизми да притиска додека не се потпре на ѕидот, тој вели дека доколку е до него, би направил се за да изврши притисок и додаде дека е потребно неотуѓиво вето за влез во ЕУ.

Во дилемата што ако Брисел не се согласи со ветото, тој одговара дека пред ЕУ е бугарскиот народ и неговата татковина, а Македонците се дел од овој народ и дел од оваа историја и потсетува дека и неговата партија гласала во минатото против укинувањето на ветото.

Трифонов изјави дека ќе учествува на изборите како носител на листа, но нема да стане министер за ништо на светот.

Инаку, Трифонов и неговата партија на последните избори воопшто не успеаја да го поминат изборниот праг и немаат ниту еден пратеник во Собранието.