ТРИЈТЕ ГО ОВА МЕСТО НА ВРАТОТ: На овој начин ќе се ослободите од СТРЕСОТ и нервозата за само 20 СЕКУНДИ

Дали се чувствувате напнати цело време? И дека само расте со текот на времето? Причината за тоа може да лежи во коренот на некоја физичка, но и психичка болест.

За жал, често самите придонесуваме за тоа, несвесни за последиците од нашиот животен ритам. Можеме да го поправиме тоа со менување на нашата исхрана, правење мали промени во нашето однесување и техниките за самопомош не се воопшто комплицирани.

Всушност, верувале или не, доволно е да одвоите само минута или две за да се одморите, да земете здив и да се справите со вашите обврски со поголема енергија.

Вагусниот нерв е најдолгиот од вкупно 12 кранијални нерви и оди од мозокот, преку лицето и вратот, до градите и сè до стомакот. Важен е за работата на срцето, белите дробови, дигестивниот систем, но и за голтањето, говорот, плунковните жлезди.

Исто така, неговото здравје е одговорно за враќање на телото во рамнотежа, психолошка стабилност, а со тоа и за добри односи со семејството, пријателите и колегите. Медицинските истражувања непобитно го докажаа тоа.

Вагусната масажа е лесна, пријатна и не одзема многу време. Со лесен притисок на дланката повлечете ја кожата на вратот кон ушната школка и на тој начин истегнете ја десет секунди, а потоа повлечете ја назад, во спротивна насока. Не треба многу силно да притискате, доволен е многу лесен допир, само да почувствувате како се влече кожата.