Соседна Србија во изминатите 24 часа ја погодија најмалку три земјотреси.
Сеизмолошкиот Институт на својата веб-страница објави дека Србија само утрово ја погодиле три земјотреси. Тлото се затресе во Косовска Митровица, Крушевац и Крагуевац.
Во Косовска Митровица земјотресот се случил околу два и пол часот по полноќ. Според информациите што ги објавија соседните медиуми, земјотресот бил со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала. Речиси во исто време тлото се тресело и во Крагуевац, а земјотресот бил со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала. Утрово околу 07:30 часот земјотрес го погоди и Крушевац со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала.
Да потсетиме, претходниот ден околу 19:25 часот (вторник) земјотрес го погоди Крагуевац, а истиот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.