Три лица се затрупани во одрон на карпи по силно невреме во регионот Грисонс во југоисточна Швајцарија, а една жена е спасена изутрината во близина на селото Лостало северно од езерото Комо, соопшти денеска регионалната полиција.
Туристичкото место Цермат на Матерхорн на швајцарските Алпи е отсечено од светот поради опасност од поплави, а властите се уште трагаат по три исчезнати лица, пренесува порталот Регион.
Особено тешко погодена е долината Месолчина јужно од преминот Сан Бернардино на италијанската граница, соопштија локалните власти и потврдија дека неколку десетици луѓе се евакуирани од своите домови како мерка на претпазливост, предупредувајќи дека локалните патишта се поплавени