Кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот. Сепак, постојат многу митови поврзани со неговата потрошувачка.
Нутриционистите Мади Паскарело и Роксана Ехсани за CNBC ги открија трите најчести митови за кафето и зошто луѓето не треба да веруваат во нив.
„Кафето е лошо за тебе“
Сè додека ги следите упатствата за консумирање не повеќе од 400 милиграми кофеин, или околу четири шолји кафе дневно, немате за што да се грижите. Кафето е богато со полифеноли, антиоксиданси за кои е откриено дека го спречуваат развојот на одредени хронични болести, како што се кардиоваскуларните болести.
„Покрај тоа, кафето е природен стимуланс кој може да ви помогне да бидете повнимателни, да ја зголемите енергијата, продуктивноста“, вели Ехсани.
Сепак, адитиви како млеко, шеќер или разни сирупи може да го направат кафето нездраво.
„Не треба да пиете кафе рано наутро“
Диететичарите всушност им препорачуваат на своите клиенти да пијат кафе пред пладне, бидејќи дејството на кофеинот трае и до шест часа.
„Најлошото нешто е да пиеме кафе кога се чувствуваме уморни попладне, помеѓу 14 и 17 часот. Кофеинот ќе не разбуди и ќе го наруши квалитетот на нашиот ноќен сон“, забележува Паскарело.
„Повеќе од две шолји кафе на ден е премногу“
Диететичарите велат дека е безбедно да се испие две до три шолји кафе пред пладне. Сè е безбедно сè додека е во границите од 400 милиграми кофеин дневно. Само имајте на ум дека освен во кафето, кофеинот го има и во газираните сокови, чаевите, енергетските пијалоци и чоколадото.