Тиндер, апликацијата за запознавање, спроведе истражување за да ги утврди, меѓу другото, трите работи кои дамите сакаат мажите да ги прават на првиот состанок.
Во истражувањето учествувале 8.000 мажи и жени на возраст од 18 до 24 години. Дури 91 отсто од мажите и 94 отсто од жените се согласиле дека е тешко да се најде љубов во последните неколку години.
Поголемиот дел од слободните (53 проценти од мажите и 68 проценти од жените) бараат сериозна љубовна врска. Тиндер потоа објави што навистина сакаат жените кога првпат излегуваат со потенцијален партнер:
- Да се погрижат мажите за тие(жените) безбедно да се вратат дома (55 проценти од жените го кажале ова)
- Да го спуштаат телефонот додека разговарате со нив (55 проценти)
- Да дадат искрени комплименти (50 проценти)
„Луѓето сакаат врски повеќе од кога било, но на начин кој не е избрзан или неискрен. Во модерните времиња, тие сакаат да зборуваат за важни прашања и долгорочни цели и да се поврзат на значајни начини“, наведува Тиндер.