Три работи кои никогаш не треба да ги оставате во вашиот автомобил за време на летните горештини

За време на летните горештини лекарите најчесто ве советуваат да избегнувате излегување кога температурите се високи и редовно да се хидрирате и да нанесувате крема со заштитни фактори. Сепак, помалку е познато дека некои лични предмети треба да ги заштитите и од сонце.

Многу луѓе избегнуваат пешачење и да бидат на отворено за време на летните горештини и користат автомобили и други превозни средства, но и во тој случај мора да бидат внимателни. Имено, оставањето на некои лични работи во автомобилот при високи температури подоцна може да ви наштети.

Лекови

Прво, лековите се нешто што секогаш треба да ги отстранувате од автомобилот, бидејќи вообичаените лекови имаат ограничување на топлината, вклучувајќи го и парацетамолот кој има граница од 25 степени. Ако го оставите во вашиот автомобил, топлината може да влијае на лекот и да го направи бескорисен.

Американскиот центар за контрола на болести откри дека само еден час на 26 степени може да предизвика температурата во вашиот автомобил да достигне и до 50 степени. Секогаш е најдобро да се проверат етикетите на лековите за да се види дали има некакви ограничувања.

Флаширана вода

Иако е важно да останете хидрирани на сонце, важно е никогаш да не ги оставате пластичните шишиња во вашиот автомобил. Дехидрацијата може да биде опасна и може да влијае на вашето возење, но секогаш треба да ги фрлате искористените пластични шишиња.

Топлината во вашиот автомобил може да предизвика хемикалии како полиетилен терефталат (ПЕТ) да навлезат во водата. Згора на тоа, пиењето топла флаширана вода може да носи скриени здравствени ризици за кои многумина од нас не се свесни. Може да имате стомачни проблеми, гадење, болки во стомакот, главоболки, вртоглавица и проблеми со хормоните.

Лосион за сончање

Како и водата, кремот за сончање е задолжителен елемент за време на топлотниот бран, но важно е да не го оставате во вашиот автомобил бидејќи може да се прегрее и да ја изгуби својата ефикасност, слично како лекот. Топлината, исто така, може да предизвика проширување на шишето и да предизвика создавање притисок што резултира со експлозија на шишето.