Високиот совет за аудиовизуелна комуникација на Турција санкционираше три телевизиски мрежи кои ја критикуваа владата за управување со последиците од земјотресот што го погоди јужниот дел на земјата на 6 февруари.
Турскиот Висок совет за аудиовизуелна комуникација (РТУК) во средата санкционираше три телевизиски мрежи кои ја критикуваа владата за управувањето со последиците од земјотресот на 6 февруари што го погоди југот на земјата.
Телевизиите Халк ТВ, Теле 1 и Фокс се казнети и привремена забрана за емитување поради „информации и коментари за земјотресот“, напиша на Твитер Илхан Ташчи, член на РТУК од опозицијата, пренесува Хина, повикувајќи се на АФП.
Халк ТВ и Теле 1 во јануари беа казнети со пет отсто од прометот и пет дена забрана за емитување на дневната програма.
Казна од три отсто од прометот во јануари добија и Халк ТВ и Фокс ТВ.
Трите мрежи се познати по нивните критики кон владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а ТВ Халк е особено блиска до главната опозициска Народно-републиканска партија (ЦХП).
Ердоган ги призна „грешките“
Опозицијата и независните медиуми ја критикуваат Владата за отсуството и слабата реакција во првите денови по земјотресот од 7,8 степени.
Ердоган минатата недела призна дека има „неуспеси“ во организирањето помош, оправдувајќи го со силината на земјотресот.
„Нивната неспособност ги чинеше животите на десетици илјади наши сонародници“, рече претседателот на ЦХП Кемал Киличдароглу.
Турција, која во октомври минатата година усвои закон со кој објавувањето „лажни вести“ се казнува до три години затвор, е на 149-то место во однос на слободата на медиумите во 2022 година на рангирањето од 180 места објавено од Репортери без граници (РСФ).