Три фризури кои ги преплавија социјалните мрежи: Инспирирани од седумдесеттите и одговараат на секоја жена

Новите генерации ги оживуваат сите најдобри трендови, па тоа многу ни се допаѓа

Во продолжение ви претставуваме три фризури кои беа апсолутен хит на таа деценија и сигурни сме дека кога ќе видите како изгледаат ќе умирате да ги испробате самите.

Најдоброто нешто е што се лесни за одржување и стилизирање.

Инспириран од фризурата на Фара Фосет

Оваа фризура е совршена доколку имате слоевита фризура и колку е понеуредна и пообемна, толку подобро.

Со голема четка исчеткајте ги врвовите на косата однадвор и потоа добро отплеткувајте. Многу едноставно, но многу ефикасно. Модерната верзија всушност беше популаризирана од скандинавската инфлуенсерка Матилда Џерф, пренесува Telegraph.

Мали плетенки

Наместо да ги олабават шишките, тие двете реси во близина на лицето ги плетеат во мали плетенки. Ова изгледа многу слатко и е совршено за летната сезона.

Висока опашка

Во седумдесеттите, волуменот беше во центарот на вниманието, па дури и опашките не беа рамни и тенки.

И додека извесно време се фокусиравме на фризури со залижан грб и ниски опавчиња и пунџи, оваа сезона одиме на волумен. Високите опашки се стилизирани, а краевите се издувани. Совршена фризура за состанок, нели?