Тројца загинати по пад на мал авион на автопат во Франција

Во несреќата на мал авион на автопатот А4 во Сена и Марн, Франција, во неделата попладне на 30 јуни загинаа тројца.

Според странските медиуми, пренесува Телеграфи, малиот авион се урнал во 15 часот и 45 минути, меѓу коловозните ленти, откако удрил во висок напон.

Од овој судир се вели дека не било погодено возило.

„Тројцата патници на авионот кој штотуку полетал од аеродромот Логнес се мртви“, изјави обвинителот на Мо, Жан Батист Бладие.

Жртвите се „двајца мажи и една жена“, додаде тој.

Пилотот на авионот, Цесна 172, „имаше пилотска дозвола од 2023 година и имаше, априори, нешто повеќе од 100 часа лет“.