На божиќниот пазар во Дортмунд вчера дошло до тепачка со ножеви откако две групи луѓе се скарале за божиќна песна.
Според германски Билд, станува збор за песната „Oh Du Fröhliche“, меѓутоа, други детали од конфликтот засега не се познати.
„Полицијата проверила неколку лица, но никој не е уапсен. Полицијата го одзела оружјето употребено во нападот, на повредените им била укажана итна помош, а двајца се пренесени во болница“, соопшти локалната полиција.
Како што пишува Билд, повредите не биле опасни по живот, а еден од двајцата мажи бил задржан во текот на ноќта во болница на набљудување.
Неколку загрижени роднини се упатиле кон болницата, но полицијата брзо успеала да ја смири ситуацијата.
„Cè уште не е целосно јасно зошто ескалираше спорот“, изјави портпаролот на полицијата.