Тројца Палестинци се убиени во израелски напади врз Појасот Газа

– Тројца Палестинци се убиени во нападите на израелската армија врз Појасот Газа.

Официјалната палестинска агенција ВАФА објави дека Израел со беспилотно летало бомбардирал куќа во населбата Туфах во источниот дел на градот Газа.

Во нападот две лица го загубија животот, а има и повредени.

Во веста се наведува дека израелската армија во текот на ноќта извршила интензивни напади врз источните делови на градот Газа.

Покрај тоа, израелската армија бомбардирала и шатор во кој биле сместени раселени цивили во местото Маваси во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Во нападот загина едно лице, а голем број се повредени.

Израел, исто така, извршил интензивни артилериски напади и врз јужниот град Рафа и продолжил да ги уништува зградите во подрачјето со експлозив.