Во близина на село Лагово, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(42), А.Р.(22) и Ќ.Ш.(41), сите од Прилеп, бидејќи се сомничат дека во кругот на црквата „Св.Никола“ во село Воѓани, општина Кривогаштани, одзеле повеќе предмети.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) лицата, делото го извршиле вчера во 13:30 часот и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.