Тука живее Теа Таировиќ со својата мајка! Зградата се наоѓа далеку од градската гужва, а во дворот има монтажен контејнер (ФОТО)
Теа Таировиќ сè уште живее со мајка си во Нови Сад, во населба далеку од градската гужва, во зграда која е иста како и сите други од тој крај.
Теа Таировиќ важи за една од најбараните пејачки од балканската сцена. Претходната година ја одбележа со својот албум, поради што цената за настапите значително се зголеми, а со оглед на тоа што месечно изведува околу 20 настапи, нема дилема дека на нејзината сметка има големи суми.
Иако заработува илјадници и илјадници евра месечно, Теа сè уште живее со мајка си во родниот Нови Сад.
Пејачката живее со својата мајка Божица во новосадска населба, изолирана од центарот на градот, каде сите згради се идентични.
Зградата во која живее пејачката е на три ката, а малиот двор е опкружен со зеленило, иако вештачко, па Теа и нејзината мајка имаат свој мир.
Она што е особено интересно е што во дворот до зградата во која живее Теа има монтажен контејнер во кој може да се живее.