Туристите во Кина повеќе од еден час останале заглавени на карпа поради пренатрупаност

Се повеќе планини се соочуваат со проблеми на пренатрупаност, што доведува до бројни опасности, како за природата, така и за планинарите и туристите.

Оваа недела, група алпинисти на планината Јангданг во источна Кина се заглавија на дел од висока и стрмна карпа, држејќи се за јаже повеќе од еден час.

Wenzhou Dingcheng Sports Development, кој продава билети и организира посети, рече дека го потцениле бројот на луѓе заинтересирани за искачување на планината.

Недостигот на сообраќајна контрола, како што е систем за издавање билети и недостиг на управување на лице место, доведоа до блокада на патеката и заробување на планинари на патеката за искачување, се вели во соопштението на Си-Ен-Ен од компанијата.

Продажбата на билетите е привремено прекината до разрешување на ситуацијата за да не се повтори тоа, а во иднина се планира да се воведе систем за контрола на сообраќајот за посетителите.

Планината Јанданг се наоѓа на 410 километри јужно од Шангај и е висока 1.150 метри.

За празникот 1 мај, кој трае една недела во Кина, исклучително голем број туристи решија да заминат на патување, што доведе до проблеми. Во 2001 година, планината Јанданг беше прогласена за светско наследство и е на привремената листа на УНЕСКО.