Барселона е принудена да ја продаде својата голема ѕвезда, на пат е вториот најголем трансфер во клупската историја

Барселона е принудена да ја наполни касата, а картата падна на Френки де Јонг. Како што пренесуваат шпанските медиуми, холандскиот играч за врска ќе биде понуден на пазарот со цел каталонскиот гигант да заработи и во исто време да им го растерети буџетот.

Имено, тоа што 26-годишниот фудбалер е најплатен во тимот и „исчезнувањето“ на платата од 24,8 милиони евра на годишно ниво, на чие намалување Френки де Јонг не сакаше да се согласи, беше одлучувачки фактор, како и конкретната бројка на која се смета од трансферот. Имено, Барселона за Френки де Јонг ќе бара околу 100 милиони евра, нешто повеќе од сумата што му ја плати на Ајакс пред пет години.

Веќе има заинтересирани клубови, Челзи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед наводно се во ред. Доколку Барселона ја добие бараната сума, тоа воедно ќе биде втор најголем трансфер на клубот во историјата по трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра.

Овие три клуба го следат развојот на ситуацијата околу Френки де Јонг и се подготвени да испратат понуда… Се очекува самиот играч да даде зелено светло за трансфер во наредниот период, пишуваат шпанските медиуми.

Френки де Јонг потпиша за Барселона во летото 2019 година во „тешка“ зделка од 85 милиони евра. Настапил на 205 натпревари, а има учинок од 16 гола и 21 асистенција. Тој загуби два месеци фудбал оваа сезона поради повреда на скочниот зглоб.