Инцидент во хотел во Белград за време на новогодишната ноќ. Како што пренесува српски Блиц, група туристи од Виена ја уништиле забавата за новогодишниот дочек во хотелот „Краун Плаза“. Го демолирале хотелот, фрлале камења и ги тепале сите пред нив, вклучително и гостите. Инцидентот се случил откако биле предупредени за употреба на дрога на масата, предизвикувајќи хаос.
„Имаше и повредени лица, обезбедувањето и неколкумина од нив. Надвор се гаѓаа со камења кои ги нашле и кршеа се пред себе“, тврди извор за српски Блиц.