Турист пронајден мртов во Грција: Трет смртен случај за 7 дена! Полицијата предупредува дека ја направиле истата фатална грешка
Американски турист (55) е пронајден мртов во понеделникот на грчкиот остров Матраки!
Тоа е трет смртен случај на туристи во една недела во период на невообичаено топло време. Температурите се искачија над 40 степени на почетокот на јули, исто како што започна сезоната на оддалечените плажи, односно античките локации и планинските патеки.
Раниот топлотен бран се совпадна со бранот исчезнувања и смртни случаи на туристи.
– Постои заедничка шема. Туристите кои загинаа планинареа на високи температури , изјави за Ројтерс, Петрос Василакис, портпарол на полицијата во Јужното Егејско Море.
Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на островот Сими по четиридневна операција за пребарување со помош на авиони и дронови. Мозли наводно одел сам на високите температури пред да исчезне.
Полицијата не го откри идентитетот на Американецот чие тело во неделата беше пронајдено во близина на плажата во Матраки.
– Телото е префрлено на Крф каде ќе биде извршена обдукција – изјави полициски претставник за Ројтерс.
Друг турист, Холанѓанец, кој имаше 74 години, беше пронајден мртов на островот Самос во саботата, додека двајца планинари беа пронајдени мртви на Крит на 5 јуни.
Спасувачките екипи трагаат по две постари Французинки на Сикинос и по американски полицаец (59) на Аморгос.
– Во тек се две операции за пребарување на други острови. Распоредени се спасувачки екипи и доброволци кои со помош на дрон и куче спасувач трагаат по исчезнати лица – изјави Василакис.