ТУРИСТ УЖИВА И ВО „ДЕБЕЛИОТ“ МИНУС: Конечно успеа да го испроба експериментот што го виде на интернет, еве дали му успеа (ВИДЕО)
Овој трик функционира само на екстремно ниски температури.
Рекордно ниските температури оваа недела во Финска инспирираа турист да проба трик што отсекогаш сакал да го направи на одмор на Арктикот : да фрли врела вода во воздухот кога надвор е екстремно студено и да ја претвори во облак од ледена прашина.
Ова не е нешто што треба да се обиде освен ако температурите не се екстремно ниски, но на повеќето места на Земјата тоа ретко или никогаш не се случува.
Лаури Унтамо, 49-годишен менаџер за продажба од јужна Финска, бил на одмор со пријателите во северната финска провинција Лапонија кога температурите се спуштиле до -30 степени Целзиусови на Нова година.
„Го видов ова на социјалните мрежи“
- Видов на видеата на социјалните мрежи или Јутјуб дека е можно да се изведе трикот, но никогаш не сум бил на место каде температурата е -30 степени или помалку – изјавил Унтамо за агенциите.
Тој рече дека загреал вода во неговата кабина, брзо ја извадил и ја фрлил преку глава. Тој го преживеал обидот без да биде изгорен бидејќи водата веднаш се претворила во леден облак кој потоа исчезнал.
Нордиските земји во последните денови се справуваат со екстремно студено време, со -44,3 степени Целзиусови, најниската температура во последните 25 години, забележана во петокот во Енотеки, северно од Пихатунтури каде што беше Унтамо.
И покрај студеното време, Унтамо и неговата група пријатели уживаа во активности на отворено како што се нордиско скијање и планинарење во шуми покриени со снег.