Туркал запален автомобил и предизвикал катастрофа – Уапсен е виновникот за еден од најтешките пожари досега во Калифорнија
Илјадници пожарникари се борат со шумскиот пожар кој брзо се шири во Северна Калифорнија, откако тој се зголеми за повеќе од двојно за 24 часа и стана најголем во САД.
Податоците не се добри: изгореа повеќе од 141.640 хектари земја, 144 километри северно од главниот град Сакраменто.
Околу 2.500 пожарникари се борат со пожарот, а не помагаат бидејќи е стрмен теренот и има силни налети на ветер.
Во четвртокот, 42-годишен маж беше уапсен под сомнение дека предизвикал пожар во паркот со туркање на запален автомобил во кањонот.
Полицајците го уапсија Рони Дин Стаут и го обвинија дека „мирно ја напуштил областа со мешање со други граѓани кои биле во областа и бегајќи од пожарот што брзо се развивал“ што тој го подметнал.
Park Fire, California’s largest wildfire this year….
— SaltyGoat (@SaltyGoat17) July 25, 2024
Was actually started by a 42-year-old man who has now been arrested.
Sorry dckheads but you don’t get to start with the asinine “Climate Change!!😖😩” bullshit this time!!
Y’all know they do this on purpose right? pic.twitter.com/6gm1I6oav7
Тој е задржан без кауција бидејќи властите утврдуваат со какви обвиненија ќе се соочи. Една жена која ја отвори вратата од куќата, која беше наведена како негова домашна адреса, изјави за Сан Франциско хроникл дека обвинителите „се обидуваат да го направат жртвено јагне“.
Хеликоптери и танкери на теренот
Властите се надеваат дека би можеле да го искористат олеснувањето на условите за да спречат дел од пожарот: брзината на ветерот е намалена, како и температурите.
Најмалку 16 хеликоптери се борат со огнот, како и неколку воздушни танкери кои фрлаат вода кога условите дозволуваат.
Американскиот претседател Џо Бајден е известен за пожарот и му наложил на својот тим да направи се што е можно за да ги поддржи напорите за борба против него, изјави портпаролот на Белата куќа.
Ова е најголемиот од десетиците активни пожари низ целата земја што изгореа повеќе од милион хектари, според Националниот меѓуагенциски противпожарен центар.