– Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY) евакуираше 256.754 лица од подрачјата погодени од земјотресите во Кахраманмараш, пренесува Анадолу.
Генералниот директор на авиокомпанијата, Билал Екси, сподели на социјалните мрежи информации за евакуацијата и карго летовите во регионот погоден од земјотресите.
„Досега направивме 1.516 повратни летови (3.032 лета) кон регионот на земјотресот. Евакуиравме 265.754 граѓани. Пренесовме 143.740 спасувачки тимови и хуманитарен персонал. Со 177 карго летови пренесовме 10.753 тони помош“, наведе Екси.