Турскиот и италијанскиот министер за надворешни работи разговараа за билатералните односи

– Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и неговиот италијански колега, Антонио Тајани, денес телефонски разговараа за билатералните односи, соопштија турски дипломатски извори.

Фидан и Тајани разменија мислења и за регионалните прашања, меѓу кои и за договорот за извоз на жито преку Црното Море.

На 23 јули, Фидан присуствуваше на Меѓународната конференција за развој и миграции во Рим, чија цел беше изнаоѓање одржливи решенија за борба против нерегуларната миграција.

Турција и Италија се соочуваат со заеднички предизвици во однос на миграцијата.