Анкара е подготвена да придонесе за мирот во Украина, му порача денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот украински колега Владимир Зеленски.
Ердоган му се заблагодари на Зеленски за солидарноста на Украина кон Турција по земјотресот, соопшти Кабинетот на турскиот претседател, пренесе Ројтерс.
Претседателот на Турција рече дека Турција е подготвена да придонесе за решавање на конфликтот во Украина „врз основа на прекин на огнот“, преговори и воспоставување мир во руско-украинската војна, која започна пред една година, соопшти Канцеларијата.