Турскиот пратеник колнеше по Израел па доживеа инфаркт: Невидена драма во парламентот, колабирал по говорот, останатите го масираа (ВИДЕО)
Турски пратеник добил срцев удар во парламентот по страстен говор против Евреите!
Камерата го снимила моментот кога Хасан Битмез (53) паѓа на подот откако за време на говорот рекол дека „Израел ќе го доживее гневот на Алах“.
– Можеби можеме да се скриеме од нашата совест, но не и од историјата. Израел ќе го претрпи гневот на Алах – рече Битмез.
Потоа се сопнал и паднал на грб. Тој итно бил пренесен во болница откако добил срцева масажа во парламентот.
Битмез е префрлен во градската болница Билкент во Анкара и медиумите јавуваат дека е во критична состојба.
Денеска во полскиот парламент е видена непријатна глетка кога десничарски пратеник со помош на противпожарен апарат ги изгасна свеќите на менората која беше запалена за Ханука!