Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжува да добива честитки од светските лидери по повторниот избор на неговата функција, изјави шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, јави ТРТ БАЛКАН.
„Претседателот досега доби телефонски повици со честитки од 19 земји. Покрај тоа, повеќе од 100 лидери и меѓународни организации му го честитаа реизборот на претседателот со писмени пораки“, напиша Алтун на Твитер.
Турција на 28 мај излезе на гласање за вториот круг од претседателските избори откако ниту еден кандидат не доби 50 отсто гласови потребни за целосна победа на изборите на 14 мај.
Ердоган победи во трката со 52,14 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу доби 47,86 отсто, покажуваат неофицијалните резултати.
„Претседателот ќе продолжи да ги користи можностите на лидерската дипломатија за да ги подобри нашите билатерални односи, да ги реши регионалните и глобалните прашања и да придонесе за мирот и стабилноста и во новата ера“, рече Алтун.